мој (прид.) - зграда (имн.)

Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш ѝ фрлав паричка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еве, на пример, како приоѓав кон таа моја зграда што беше веднаш тука кај последната станица на Деветнајската.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пред некој ден на паркингот пред мојата зграда како невина газела на поило ме начека комшијата Лари.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога стигнавме во Капиштец, постојавме десетина минути пред влезот на мојата зграда, па секој на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Камерата прво ја прикажува мојата зграда на 1743 Пердју Авенју... Рез!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Снеже и јас, бидејќи живееме на ист кат, имавме уште малку заедничко време, во лифтот, и потоа пред нејзината врата, колку да размениме збор – два.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)