мој (прид.) - збор (имн.)

Очигледно моите зборови многу му се смешни, но сепак ми објаснува: - Ти мислиш оти вие ме истеравте со тие пувчињата ваши самоделски и со топчињата черешови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чувствуваат дека зборовите што ги зборувам со нив не се единствените мои зборови и мислите што ги мислам со нив не се единствените мои мисли, дека имам и други понеразбирливи зборови и други позаплеткани мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Знам“, вели, но начинот на кој го рече тоа и како одмавна со рацете, кажуваше дека е тоа само обид да се одбрани од моите зборови на кои не веруваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не дојде ред да го чујат мојот совет или мојот збор за тоа дали можам нешто да сторам со заробената вода над Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во овој случај, значи, е избегната можноста пациентката како папагал да ги повторува моите зборови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И во право се оние кои тврдат дека луѓето веќе навикнаа и не можат без нас, нè чекаат сонцето како што се чека, да го запалам огнот зашто не паметам еднаш кај и да било да се раздени, а јас да не запалам оган на кој да не горите повеќето меѓу вас.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пожарите се мои зборови, мој говор, зашто нема ништо почесно од огнот!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Му благодарам о, Боже, на морето што ќе остане да ја следи преселбата на моите зборови низ неизвесноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас не признавам ни грнци, ни букари, и сакам мојот збор да се слуша! — провика утрото пак Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! — се издиши Толе и се замисли. „Значи, близу ти е крајот и тебе, Толе!“ — си проговори за себе, но никако не можеше да помисли за некое спасување со бегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Употребува мои зборови за да го придобие - импресионира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Полека чекоревме. Под нозете ни шумеа лисјата: нивниот сув, остар шум језовито ги пригласуваше моите зборови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Браздите станаа подлабоки, како да сакаа да го задржат секој мој збор - да се види тежината на тоа што говорев.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ја познавам јас неа. Уште како кутренце. Мојот збор за неа е закон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Опседната од маѓиите на сонцето се распаѓа тврдината на моите зборови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Молчете, молчете, - се обидуваше А.А. мигум да ме прекине, гледајќи кон другите избезумени од моите зборови. – Тоа само ѓаволот говори во тебе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. не ги коментира моите зборови, но сепак про­дол­жи: - Вашата стара трошна куќа по војната беше силно зацврстена! - Првин одземена?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше јасно дека започнуваше да се остварува невидливата, но најавувана и во поединости организирана реализација на казната, против моето однесување, моите зборови изречени во Атеистичкиот музеј и во двете кафеани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. имаше сигурно специјални инструкции да вни­ма­ва на секој мој збор, на секој евентуален повик на бли­ските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можев да претпоставам дека бурата во кафеаната ја предизвикаа моите зборови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но затоа пак со сигурност знам дека се далеку од времето кога благодарејќи на искуството ќе станат барем за мене самиот обврзувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш наоѓам причина оваа посебност на моите размисли и да ја поддржам: оттука и оној самобендисан заклучок дека за среќа моите зборови се ослободени од хемикалиите што го поттикнуваат закостенувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Имаш право. Сонувала. Бидејќи и останало само да сонува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и сега слушам како ми се обраќа Ѓурчин: "Не си го чувствуваш чекорот полесен, Даскалов?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ОГНЕНА ГУЛЕВА
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не можев да го издвојам и замолкнам тој глас што нѐ раководеше во решавачкине моменти бидејќи во него расппознавав и многу мои зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помни го мојот збор кога гориш во љубовен плам: еднаш само, мажу, тече млеко од женските гради.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Најмалку, пак, моите зборови да ја отпуштат твојата непонизност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој ме погледна сакајќи да разбере што се крие во тие мои зборови, да прочита од тонот со кој ги реков.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Човечкото суштество е најкревко во стравот и очајот; мојот страв, роден од очајот на Рајнер, се откриваше во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на моето тело, во ехото на моите зборови, во сенката на мојот поглед, и мајка ми тргнуваше по трагите на стравот, ги забодуваше своите зборови во мојата ранливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ме слушаш? Роза, Марие и мене никој нема потреба да нѐ види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, откако станав од креветот и отидов до прозорецот, додека ги тргав завесите, го слушнав како вели: “Сакам да ја видам мајка ми.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека разговарав со Зигмунд, таа по моите зборови разбираше дека зборувам со него, и ме гледаше со оној поглед со кој гледаат оние стари луѓе кои без страв, само со колебање, се подготвуваат да умрат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом ги завршував разговорите, ми велеше: „Изнеси ме надвор.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми, иако одмавна со раката на моите зборови, не можеше да го премолчи своето противречење, и неколку минути подоцна, додека така чекоревме, рече: “Ти знаеш дека јас одамна напишав дека религиите се родени од потребите за утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утеха за сите мачнини кои ни ги задава животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој гледаше во голата Божица Мајка, не бев сигурна дека ги слуша моите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер не рече ништо на моите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паулина како да не ги слушна зборовите на Ана и моите зборови; и продолжи: “Навистина е добро од тебе што си мислел на сите тие луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си мислел и на своето кученце, и на своите куќни помошнички, и на својот доктор и на неговото семејство, и на сестрата на жена ти.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми велеше дека целиот живот ќе бидам сама, ќе тонам во својата самотија, ќе останам немажена и така ќе бидам срам за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав покрај него и го молев да каже што и да е, па макар и најгруб збор. Тој молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се доближив до него и му се извинував за моите зборови, но тој не велеше ништо. Го слушав како дише.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ѝ верував, а сепак молчев, затоа што секој мој збор ќе ја потсилеше да раскажува уште повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечерва за прв пат станав свесна дека Ромео е одвратен, стар и нашминкан дека месечината во овоштарникот е лажна дека сценографијата е простачка дека зборовите што морав да ги кажам не се вистински, не се мои зборови, не се тоа што сакам јас да го кажам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А вие, Македонци мои, следејќи го секој мој збор, тогаш ме прашавте: ’Павле, како да се подготвиме за воскресението?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многумина од вас тогаш ме прашуваа, трудејќи се во моите зборови и во срцата свои да ги најдат одговорите што дотогаш сами не можеле да ги пронајдат: ’Павле, каков е нашиот пат?‘ Тогаш ви велев да не го барате одговорот надвор од себе, туку единствено во срцата свои, со молитва и со чист живот, та тој самиот, со волјата Негова, ќе ви се покаже.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кога таков, најден за себе и за другите, ви прикажував за откровението свое, многумина од вас ме прашуваа, трудејќи се во моите зборови и во срцата свои да ги најдат одговорите што дотогаш сами не можеле да ги пронајдат: ’Павле, како безгрешно да љубиме?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Раните на болните мисли ќе бидат манастир на мојот збор...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секој мој збор ќе ја уништи ноќната фантазија, тихата, таинствена музика што ги обзема.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Боже! Ова можеа да бидат и мои зборови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ АВАНОС
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Драга моја читателке и драг мој читателу, без разлика кој си, ќе се сетиш дека моите зборови на крајот на оваа приказна всушност се љубовна изјава кон тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еднаш на едни им реков дека ги мразам и им се смеев во лице, а тие се смееја неверувајќи им на моите зборови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Произлезе дека секој мој потег, секое мое движење, секој мој збор, биле погрешно сфатени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што убава работа, помислив, тие се клецкаат, ама тоа не беше мој збор, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Твојот глас како лост ги поместува моите зборови...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Махмуд Дарвиш беше видливо изненаден од моите зборови со кои битно сакав да го променам текот на разговорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сета љубов, која ја имаше во длабината на својата душа и која цел живот им ја подари на своите чеда, кои беа заминати на разни патишта и постови во животот, а јас на најдалечните, ја вложуваше во своите цвеќиња на Балканот. Сакав да го надминам значењето на моите зборови, упатени до мојата мајка, на другиот брег на Медитеранот, да го напишам најубавото писмо што еден син го напишал на една мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Успеваше да ја одржи жива меморијата на палестинското постоење, успевајќи да се провлекува низ границите на реалноста и легендата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе почувствувам дека и последната капка крв ќе ја изгубам, ќе пукам. Да поживеам малку подолго од тебе и последен да те опцујам.“ Тоа се мои зборови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сврте кон мене и ми се загледа во лицето обидувајќи се да каже и да чуе повеќе од било кој нејзин или мој збор што би бил изречен во тој момент.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаев дека не му беше потребен ниту мојот збор, ниту мојата капа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Видов дека моите зборови ги прими онака како што му годеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Врескав и плачев, а ти не реагираше на моите зборови, односно немаше сила да реагираш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мојата крв е разлеана во небото На мозаиците. Мојот збор е занемен Во летот на јатото.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
По овие мои зборови на Лари пена на уста му надојде, очите му испаднаа од лежиште, а телото му се нафрли со ситни пликови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа, како живи суштества ги гледаш и неговите зборови што се необично грди, заканувачки а наспроти нив ги гледаш и моите зборови уплашени и немоќни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Б.С. го говореше она што го видел.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот пријател Б.С. ве опиша во сите поединости - му реков на доктор Пачев длабоко уверен во она што го кажувам, а и овие мои зборови ја поттикнаа во мене увереноста дека Б.С. не измислувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури потоа ги отвори очите и ме погледна толку изненадено што се чинеше дека за прв пат ме забележува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му реков дека неговите асоцијации во врска со гипсената положба на Пеперутката не се хумани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова не се мои зборови. Ги слушнав од поганата уста на доктор Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ѝ реков на девојката дека моите зборови сигурно ја вцрвиле и под комбинизонот, во првиот момент таа почна да се кикоти како одзатната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или мојата моментална неискреност се должеше пред сѐ на онаа саркастична насмевка на Денко Самоников кој втренчено ги впиваше моите зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И наеднаш се оддалечи, замина негде не само со поплаките туку и со гласот, и моите зборови повеќе не ја престигнуваа; ми се чинеше дека попусто ги арчам, дека попусто се трудам, па затоа и се чувствував заскитан сè додека не почувствував дека нејзиниот глас се враќа, дека дишењето ѝ се забрзува, а челото, до тој момент речиси суво, наеданаш се ороси со студена пот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бев сигурен од кои мои зборови го беше извлекол својот последен заклучок, но Стариот писател, одобрувајќи со главата, неочекувано констатира: - Значи сепак вие верувате.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа не беа мои зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
КЕВА: (Дури сега го согледува ножот и премира од страв.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа последен пат те молам, кандисај! Дај ми изин! Чекаат мој збор, јас чекам твој...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Филип: Не пркоси на моите зборови, зар на крал се пркоси така?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Стоп, стоп! – подвика Дедо Мраз кога предните нозе на елените, понесени од залетот, се качија дури по главата на човекот па додаде – Не, не, до колку мислите да ме ожените, Ви се колнам, нема да се согласам оти мојот збор не паѓа во вода, ме разбравте ли?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зарем не ти е доволен мојот збор, мојата заклетва пред Богородица?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ништо! Главава ми е полна со помии. Не знам да кажам еден мој збор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На татко ми моите зборови необично многу ми се допаднаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Всушност, сѐ си одеше по редоследот, но не баш по очекуваниот пат, ако внимателно се навратам на моите зборови и мисли, како на пример кога самата си реков дека сакам малку да се повлечам во Истокот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)