мој (прид.) - заминување (имн.)

Твојот заборав и моето заминување сега и сам Господ - бог не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Никој не се помрдна, никој не изреагира на моето заминување.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми беше жал за Земанек, за сѐ што му се случи откако заминав; но од друга страна и го мразев, оти поинакво лице покажа по моето заминување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред моето заминување во Париз како на дланка ми ги откри тајните на Quai dOrsay, доминантната институција на француската надворешна политика во која во најголем дел требаше да се одвива мојата мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Ќе ти откријам и една тајна: и по моето заминување верувам дека ќе се сретнеме на некоја од станиците на моето време“ нагласи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Необична перспектива која не ја доживеа мојата Мајка, која се плашеше секогаш од татковите, сега и од моите заминувања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но во секој момент можеше да дојде телеграмата за моето заминување!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога Балканот ќе стане Европа, пред Европа да стане Балкан!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така божем Сузи го викала Генералот: Црвенокосиот, мојот ѓавол.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И тоа мое заминување од Штип, ќе го сторам“, рекла Сузи, „со Црвенокосиот“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За моето заминување од моите дома знаеја само сестра ми Љубица и стрина ми Риска, друг никој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Првин се спротивстави на моето заминување, ама сетне попушти. Храбро ме благослови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Болката од таа рана ја чувствував подоцна, на пример, при Мајкината можеби привидна рамнодушност за време на моите заминувања во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)