мој (прид.) - желба (имн.)

Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гоце длабоко воздивна и рече: - Ах, не се исполнија моите желби!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Седнав и, место мојата повест која беше сѐ уште само моја желба, напишав текст за „Време“ под наслов „Маказар во патописите на Јохан Барт од 1858“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден момент нивната смеа ми го одвлече вниманието.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имав сестра која научи да зборува, да си игра со мене, да биде послушна и да ги исполнува моите желби.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А единствената причина беше мојата желба да добијам многу визуелни соништа со остри и светли црти, со појасна слика од онаа во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одговарам: „Тоа е ураниум, и тоа треба евентуално да послужи за правење атомска бомба.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И мама многу се зарадува кога ја слушна мојата желба.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бара максимална дисциплина и почит кон диригентот и кон сите членови на оркестарот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Врзувајќи го сето тоа за мојата желба за играње со статистиката и со листите на работите, ете тоа би била заднината на целата моја филмска работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Жените најбрзо ги узнаваат намерите на мажите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што си наумила? - се обидов да ја премислам - Докторот рече дека не треба да се преморуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали ја спречуваше синот? Или сенката на човекот зад тој син?) Навистина верувам дека таа ја знаеше мојата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И во онаа моја желба да му се приближам на тоа небо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боге од Бањи, не заканувај ми се со оној твој подискривен показалец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаела а сепак одлучила да ја задржи подалеку и од себеси и од мене таа моја желба и намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ако сакаш мојата желба да ја поврзиш со нешто многу конкретно или повидливо - појасни таа - тогаш еве, јас ти понудам и други нешта за кои би можела да ти зборувам со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно веќе сфативте дека мислев на татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да биде уште поголемо недоразбирањето, за личноста од моите желби не знаев ништо, но верував, или поточно бев сигурен, дека еднаш сепак ќе го сретнам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Молчеше поприлично. Една загубена насмевка помина по нејзиното лице.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали Таша, постапувајќи и кон мојата желба така како што постапуваше, беше водена токму од тоа разногласие на срцето и на умот, не се потрудив да откријам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А нив почнав да ги практикувам прилично одамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И навистина, почна да ми шепоти за некои скриени нешта по чекмеџињата. Или по фиоките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но причината за држењето под рака не барај ја во мојата болест, туку во мојата желба да го имам синот покрај себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, додека размислувам за игрите што ги практикував верувајќи дека тоа е патот за остварување на моите желби, сфаќам дека тие претсатавувале обиди да и се одземе безличноста на осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ико еден дел од мене не беше задоволен од тоа како го живеам животот и имав некои неисполнети мои желби и посакувањеа, јас сепак имав во себе акумулирано резерви од минатото, односно од убавите моменти што ги имав поминато во Франција пред многу години, па тоа донекаде ме правеше попозитивна и пооптимистички расположена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нека остане така како само моја желба да била, сликата од мама да биде во мојата соба и ништо повеќе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа година посакав да научам да сликам. Долго време си бевме туѓи со Зигмунд, и со таа моја желба одново започна нашата блискост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Толку би сакал да можам да ти се придружам во среќата, но мојот очај е посилен од мојата желба.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последното утро во Венеција, откако Ана и Зигмунд тргнаа по градот, мојата желба уште еднаш да ги видам двете слики со Богородица и Исус беше посилна од моето накривнување, и јас излегов од хотелот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И ти треба да бидеш среќен,“ му реков. „Сакаш ли да станеш татко?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти ќе се вратиш, Рајнер, му велев, реката беше само едно големо чистилиште, ме слушаш ли, Рајнер, тоа е само отпловување, и јас ќе те чекам на крајот од реката, Рајнер, ќе те чекам онаму каде што таа се влева во друго постоење, знам дека си тука, Рајнер, еве ја мојата рака, погледни ја мојата рака, Рајнер, сѐ ќе биде добро, верувај ми, кога ќе заврши твоето пловење, кога ќе излезеш од реката, ќе треба само да ја промениш облеката, ќе треба да облечеш нова облека, и се ќе биде добро, верувај ми, Рајнер, верувај ми, како што јас си верувам на себе, еве ја мојата рака, Рајнер, фати се за мојата рака, и јас ќе те извлечам, а потоа ќе тргнеме кон поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти ќе се вратиш, му велев, сѐ е минато, и твојата вечна потрага и вечно себегубење, и твојата суровост кон мене и мојата желба да ти вратам со суровост, сета болка, сѐ помина, и тоа што поставувајќи му го на животот прашањето: Кој сум јас?, добиваше одговор од смртта: Ти си ништо!, и тоа што ти гледаше очи в очи со смртта, тоа што сакаше да паднеш во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прости, не погрешив, тоа беше и моја желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
“ и уште аплаузи и „Полонезата!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Добро е човек да не завлезе во бесмислености: тоа е моја работа, ништо повеќе од моја желба, вистинска желба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Здружена си со другите, толку пати те знаев инаква и поради тоа те сакав, веќе три или четири пати ја правиш истата работа, што ми вреди ако од време на време ќе ѝ удоволиш на мојата желба ако на крајот испадне вака, треба да те гледам со патеци во очите, низ прстите ти тече сивата вода, ме гледаш без зборови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моментално вентилирам раздвижувајќи ја енергијата околу мене. Дефинитивно решив дека веќе нема да водам војна со моите желби и задоволства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали може да не ја изразувам гласно таа моја желба, а сепак луѓето да успеат да ја видат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Живеев во сонот со моите желби, сè да биде совршено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, прво за случајот „Темплум”: претпоставувам дека говориш за една публикација од 1993 во која се објавени мои стрипови, цртежи и графики, без моја желба и знаење, под наслов Love, Girls & Fast Cars, заедно со поговор (потпишан со псевдоним).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Каде би бил јас тогаш да ја задоволевте мојата желба и да ми дадевте доживотна наркоза? Кај црвите.“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му раскажував за годините минати крај Арафат во Картагина, за мојата дипломатска мисија, за мојата желба да пишувам за тие времиња, за дипломатските години, можеби во книжевниот жанр на романот кој сметав дека може најблиску да претстави еден можен тоталитет на еден историски процес-роман во рамките на една долга романескна балканска сага, на моето албанско и балканско семејство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас, јас ги сакам дијалозите на времето, тие изгубени денови скриени во длабочините на моите желби.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Вечерва ги исполнуваш сите мои желби, како утре изутрина веќе да не бидеш тука и овде.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Понеделник Ноември Небото е мало вечерва да ги земе моите желби и копнежи, моите надежи и љубови.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Таа несебично ми ги исполнуваше сите мои желби.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А што претставуваше таа моја желба?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Е, па зошто тогаш останав глув пред ваквата моја желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ете, токму тоа чувство, дека може да ми се случи во отсуден момент да не можам да ѝ овозможам на мојата желба или потреба да зачекорам ме правеше повеќе од збунет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со ваквите неурамнотежени размисли бев обземен уште вечерта по сахраната на Самоников, додека се прибиравме со Катерина во нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гледачот станува дел од реалноста и се прашува дали тој (или таа) некогаш ќе може повторно да ја напушти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уште од детството моја желба беше да бидам разбран, да бидам способен да го кажам она што сакам да го кажам и да бидам слушнат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во темелите на космосот кој за себе го изградив е мојата душа, моите чувства, моите мисли, моите желби, моите солзи, мојата љубов, едноставно моето постоење, единствено, незаменливо, неповторливо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто така, ми се случуваше многу често да ја измачувам и мајка ми со таа моја желба и мака, постојано надевајќи се дека еден ден ќе сфати што сè преживувам и ќе стори нешто да ми ја оствари желбата и да ме спаси од маката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Малку беше тешко да најдам компромис на сите мои желби и обврски, а плус да не им пречам на мајка ми и татко ми да си го тераат животот најнормално.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаев дека ако му кажам ќе се однесува поразлично, а мојата желба беше што побргу да видам каков е вистински.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште од почетокот мојата желба да живеам во Скопје беше преголема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стануваше претопло, а мојата желба за морето, плажата палмите и летните дискотеки пак почна да расте.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)