мој (прид.) - говор (имн.)

3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пожарите се мои зборови, мој говор, зашто нема ништо почесно од огнот!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И во право се оние кои тврдат дека луѓето веќе навикнаа и не можат без нас, нè чекаат сонцето како што се чека, да го запалам огнот зашто не паметам еднаш кај и да било да се раздени, а јас да не запалам оган на кој да не горите повеќето меѓу вас.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Со моето тело го покосивте и мојот говор. Ме оставивте сама и црните сокови на вашата неизбежност. Ќе ме хранат дури не легнете крај мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)