мој (прид.) - врска (имн.)

Праша, со што сум се бавел? Какви биле моите врски со литературата? Спомна нешто за младоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имав тешка задача, морав да ставам крај на мојата врска со Евелин, девојката која што беше дел од мојт живот кога те упознав тебе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но ако, како што вие ми најавувате, сакате да го имате моето мислење, ми се чини дека е чесно да ви кажам дека книжевната критика е домен во кој немам никаква компетенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- А моите врски со морнарите? - Тоа не ме интересира.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Би резимирала велејќи дека овие здравствени бизарности ме обврзуваат да водам повлечен живот, целосно монашки и да ги ограничам моите врски со надворешниот свет на непоходното.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)