мој (прид.) - вообрази (имн.)

И последниот траг на сомнението исчезна кога шепотот наеднаш се престори бисерно смеење што отсекогаш ми заличуваше на брзо течење на вода по бели камчиња.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секако, стануваше збор за состојби што лично јас си ги бев стокмил со учество и на моето вообразување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира немав причина да не им верувам на моите уши, затоа и не ја отворив вратата и не го повикав стражарот и тој да се увери дека шепотењето не доаѓа некаде од длабочините на моето вообразување туку дека е вистинито.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но зошто да го правам тоа, и дали воопшто да постапувам така кога знам дека моите размислувања подобро ќе ги сфатите ако ви порачам да го отворите вашиот приватен магазин или склад во кој се сместени но не за распродажба туку само за разгледување, како во приватен изложбен салон, сите дребулии на вашите мечтаења.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)