мој (прид.) - возраст (имн.)

Луѓето на моја возраст не знаат ништо за тие денови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше на моја возраст, малку глупава, но многу работлива; сѐ постигнуваше со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Него го нервира само кога не знам нешто што тој смета дека би морало на моја возраст да се знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ми раскажуваше за разни случки од нејзиното детство, ми опишуваше како изгледала на таа, моја возраст, какво дете била, „занесено”, како твојата Мила, многу слична на неа, така ми објаснуваше, ми раскажуваше за игрите на улица, и за нејзиниот најголем предизвик што често ја измачувал ноќе пред заспивање: на полноќ да го изоди шеталиштето во Градскиот парк од едниот крај до другиот, сама, и да се врати назад, дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Начинот на кој зборуваше ми заличе на оние книги за кои брат ми ми вели дека не се за моја возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му велам на Игбал, да не постоеше, мојот живот ќе беше сосема поинаков, обичен, како сите животи на девојчињата од моја возраст, а тој нишка со главата лево-десно и повторува неколкупати: О.К., О.К., О.К. и се смешка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Додека летавме, а и кога дојде во мојата соба, ми се чинеше поситен, помал, би можела дури и да помислам дека е на моја возраст. Ама не беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Овој го зграпчи за опаш и го фрли далеку од себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ловците на Мортенија извлекуваа од куќите момчаци на моја возраст, а тие, веќе со врзани раце, не се бранеа и не повикуваа за помош.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А потоа изгледа и премногу е мал бројот на поединците спремни убавите мигови да ги споделуваат со друг па дури и со најблиските.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно поради мојата возраст?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човек на моја возраст не му останува ништо друго освен да чека, каде и да е“, се обиде да се пошегува свештеникот погледнувајќи го со бистар, прониклив поглед „Освен тоа, сакам да бидам присутен кога нашиот Одисеј ќе се врати на оваа тажна Итака.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во воената поделба на териториите немаше сомнение дека, повикувајќи се на правото стекнато од минатото, Италија ќе ги добие и поранешните венецијански територии над грчките острови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Можеш, знаеме дека ќе нѐ послушаш. - Зошто?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков не е помлад од мене. Збрчкан е како да има сурија синови на моја возраст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почекав едно време и толку кога решив да излезам од зад дрвото и да се приближам до куќичката, вратничката се отвори и низ неа истрчаа многу момчиња и девојчиња на моја возраст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И немаше деца од мојата возраст, освен оние малите, селото беше пусто без деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби се потсетил на она време кога бил на моја возраст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овој пат тато навистина ја рече правдината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Син ти расте“, рече тато, “и не очекувај сѐ да ти кажува“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)