мој (прид.) - внимание (имн.)

Капор го окупира моето внимание и со друг расказ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чичкото и натаму си `рчи, вагонот е речиси студен од празнина, па фотографиите на девојките, живописни и мазни, го преземаат целосно моето внимание.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ило почна да се нервира. Ѝ недостасуваше моето внимание и дружба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби светлосните години се еднакви, но полжавските не се и Освалд веќе не го заслужува моето внимание.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моето внимание, иако пак по повод тој бунар, беше сега свртено на друга страна и ми обезбедуваше, ако може така да се рече, еден друг вид неспокојство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Моето внимание сега беше свртено кон содржината на ферманот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таквите не го заслужуваат моето внимание, колку сакале да се згодни и паметни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, се што сакам да трае подолго треба секој ден по малку да се грижам за него и да му посветам дел од денот и моето внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не е чудно што во тоа време моето внимание е свртено кон самите нас и нашите младешки односи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во вашата последна порака допревте две важни прашања кои постојано го обземаат моето внимание: прашањето на идентитетот и потребата да се промисли тоталитетот на балканското прашање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како што беше можеби нужно некогаш моето внимание за да ја разберам докрај нејзината мисија да ми пишува, така и мене ми е нужно овојпат, почитуван читателе твоето внимание во потрагата по Елен Лејбовиц!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најчесто во потрагата по идентитетот пополезно е да се трага по аналогии, дополнувања, отколку идентитетот да се наложува како последна и единствена орција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Навистина токму овој нејзин исказ ме исфрли од рамнотежа иако слушав внимателно а притоа се трудев моето внимание да не личи на зјаење во празно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нема да заобиколувам: бев вистински вознемирен, а вознемиреноста поради исчезнувањето на Загорка Пеперутката произлегуваше и од сознанието дека она што се случи му се измушнало на моето внимание; дури склон сум да помислам дека за изведувањето на ова бегство било искористено и моето отсуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно ме плени есејот од книгата Во школата на тираните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај тоа што одвај се соземав, моето внимание како копец се држеше за сеќавањето на болниот плач на момчето и за татнежот на оддалечувачките чекори на Сновалката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Всушност сето мое внимание беше сосредоточено на неговото однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)