мој (прид.) - верување (имн.)

Ако исклучокот од болеста, или Нормалноста, психијатрите во книгите го нарекуваат Религија, тогаш моето Верување во тајни знаци кои сакаат да ми разоткријат гатанка доаѓаше како некаква здрава работа од типот на водење на кучето во парк.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)