мој (прид.) - велосипед (имн.)

- А мојот велосипед, гледајте го оној, легнал со главата на седиштето од мојот велосипед!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога наутро ќе се симнев да си го земам мојот велосипед, со кој одев на работа, имав што да видам, многу отпушоци од цигари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како ќе си го земам? – праша Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме налути кога видов дека, чепкајќи, ми го отшрафи задното светло, а тамам вчера конечно го однесов на мајстор да ми го монтира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој најмногу се интересираше за мојот велосипед и веќе си ја имаше ставено мојата капа на главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)