мој (прид.) - братучед (имн.)

Толку валкана облека сум гледала само кај еден мој братучед кој работи како механичар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моите братучеди беа многу палави момчиња и никако не им се фаќаше крајот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А кога лежев в болница осакатен од едната нога, до креветот ми застана еден мој братучед, и откако ме распраша за здравјето и ја исплакавме мојата нога, ми рече: - Е, сега браче, ќе дадеш мужде?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зарем смеев и да помислам на каков било начин да му ја намалувам големината на мојот братучед и да ја обезвреднувам воодушевеноста на тетка Боса од способноста на нејзиниот син да го дофати највисокиот грозд?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку, за да бидам уште поодреден бришењето од списокот на живите на спомнатиот мој братучед Благоја се случи пред повеќе години.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А што со мојот братучед – прашав? – Зар не загина? Зар не беше одликуван? - Да, но тетка ти тврди дека е жив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- На секого може да му се поматат размислите поради смртта на оние што ги сака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чудо е тој мој братучед, но кога претерува може и да ме изнервира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Работите течеа како што треба - освен што ми беше страв да се мрднам да не скршам или да не извалкам нешто, се чувствував пријатно меѓу роднините, дури и со мојот братучед кој малку омекна кога му подарив неколку видеоигри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не можев да се опуштам, обвинувајќи се дека повторно некому го блокирам тоалетот, овојпат можеби на мојот сонлив тетин, и прашувајќи се како ќе ја истерам смрдеата оттаму ако навистина успеам да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се загрижив за можниот потфат на мојот братучед кој би ми бил единствената надеж, надежта, што очигледно, во таков случај, воопшто не би ми била потребна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Според тоа, иако можев да го гледам толку прекрасниот коњ; иако можев да го помирисам, толку пријатно; иако можев да го слушам како дише, некако возбудливо; не можев да поверувам дека коњот имал нешто со мојот братучед Мурад, или со мене, или со кој и да е друг член на нашата фамилија, што спие или е буден, зашто знаев дека мојот братучед Мурад не можел да купи коњ, а ако не можел да купи, тогаш секако го украл, а јас не сакав да поверувам дека го украл.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, вистина е. Го украл коњот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)