мој (прид.) - болка (имн.)

Каде? „Таму... Некаде Во твојот Сон“ моите болки се Моите болки се? Не се. Моето Сум е? Не е.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тука, на работ од мојата болка, јас не барав слава.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во некои моменти се прекорував себеси што се мешав во работите на големите, што, секако, не е правилно децата да им судат на родителите, но тоа не ја намалуваше мојата болка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Човечкото суштество прави јасна разлика меѓу себе и светот – може да сочувствува, може да биде бесчувствително, но секогаш мојата болка е моја болка, и мојата радост е моја радост, колку и да ги споделувам со другите; а болката и радоста на другиот никогаш не можат да бидат во потполност мои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако сега болката веќе ја немаше, ниту пак невидливата рана што ја имаше отворено, Клара ја забележа трагата што беше останала од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу боледував во детството, но мојата болка не беа моите болести, туку мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легнав на креветот, ја свртев главата кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој пред тоа не ми имаше споменато дека ја забележува таа моја болка, она што уште од детството болеше така како да сакаше да ми го откорне срцето од градите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав сама со моите родители, сама со себе, и повеќе немаше со кого да ја поделам мојата болка ниту во просторот на собата, затоа што низ разговор со моите најблиски никогаш не ја делев мачнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тогаш, во моето детство, во мојот страв и мојата болка, само мама забележа дека нешто се пресече меѓу мене и брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата болка имаше име; мојата болка која беше сочувана во моите први сеќавања, на која се надоврзаа сите подоцнежни болки, го имаше името на мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто само ти и никој друг може да го разбере и разбистри изворот на мојата болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навистина ме импресионираше ова ново откритие за суштината и потеклото на мојата болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но вујче си остана маж, тојчас на ништо не се обѕрна, сѐ така силно ме држеше во себе (сигурно не го чувствуваше мојот бол), сѐ посилно ме земаше во себе незапирливо викајќи: Сакам да ми веруваш, Леме, внученце!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очигледно добриот Трифун Трифуноски силно го погоди мојот бол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас ја слушам твојата, ти мојата болка во тишината на животот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Твоите очи се и мои, искри во ноќта, радост во тага, лек за мојата болка.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не, Оче Симеоне, ти тогаш ја виде мртва мојата болка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Помисли: „Кога би можел да ја спасам Џулија со двојно зголемување на мојата болка, дали би го сторил тоа? Да, би го сторил.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прости ми, мајко, мојата болка по домаќинот ја изговорив пред твојата - по синот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
3.4 Беседам со орелот Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
3.3 Беседам со каменот Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
3.2 Беседам со змијата Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Палјачото болеше во мене. Неговата скината нога стана моја болка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За разлика од неговото однесување Нилика напиша: Понекогаш, додека ги отворам очите, овде, во еден друг живот, како да се будам во Пасажот, но овој пат во пасажот на мојот спомен, на мојата болка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А за мене, оној надворешниот, од онаа страна на опната, загатката на Обликот е и моја загатка, неговата рамнодушност моја болка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе избришете се и тогаш ќе ви остане гола среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Направи, Господе Боже и Твојот гнев да се смири и мојата болка и тага во радост да бликне и раните на сите што ги носиме на носилки и на коњи да исцелат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислиш мојата болка не беше толку голема колку и оние што ги растргнуваа вашите гради?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто сè уште немаше сфатено каков грев си прави на себе, затоа што јас патев, а потоа него мојата болка дупло го болеше зошто навистина ме сакаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)