мој (прид.) - го (зам.)

И мојот го зедоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Моево го знаете. Лекарската одговорност е голема а платата мала! – се уфрли со своите жалопојки Љубомир. –Одговарам за човечки животи, кој може да ја плати таа одговорност?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А твојот каков е? - дури тогаш успори. - Мојот го шие комшивката, на пробата супер ми стоеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По тој настан, моите го мереа и времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еда мој го оженивме неделата пред Петровден со Мара на Благоја Лозненов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само, додека мојата сестра го проколнуваше Бога зошто го изгуби нејзиното, јас го славев затоа што моето го спасија и се роди здраво и живо!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И крстот на грбот мој го немаше. Паднав на колена пред него, во молитва огнена, но ништо не реков; само плачев.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вие плачете по пород, а јас мојот го напуштив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да не може да се лета со оној што моите го донесоа од Индија? - прашав со надеж дека ќе добијам потврден одговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едно село кое моите го обожаваа, во куќата на тетка Николина, една прекрасна куќа со фантастичен двор, каде што навистина уживавме веќе неколку лета по ред.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не го носиш прстенот? – се зачудив. - Дојди да видиш каде сум го ставила – рече таа одушевено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не беше оваа војна во Босна и што знам јас уште каде не е, секако дека најпрво ќе одевме на Јадранско море, па потоа селско - планински туризам, но ете, проклета војна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, кога се врати, веднаш забележав: на нејзиниот показалец повторно беше стариот нејзин прстен, а мојот го немаше на ниеден прст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сум ги барала и Апостол Макаровски и Манол Форевски и Лазор Рогожаров и Оливера Поточка, и... си ги барам така другарите... а може само Никифор мој го барав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар за тоа ги изнародивме, а?...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А нас не опљачкаа до игла, - дофрли една од жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А мојот го фатија лудите. Му се изнавикаа на питрупот на нашински.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Туку некој друг е виновен...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Местото ни е наше од дедовци и прадедовци и наше да остане. И си отиде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Затоа што на баба вчера и зборував нашински. – А мајка ни збор да изусти од грчкиот. Па и јас не оти го знам?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо се наежи, уште поцврсто се потпре на својата патерица, се навали на дрвената нога и развлечено исцеди: - Јас моето го измарширав, и тоа добро.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така падна кога го делее местото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лазо го пуштија од затвор, а мојот го пратија на Макронисос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јон мој го довел Јошета Свирачот само за да му ја фрли гајдата, да му ја изгази.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)