мој (прид.) - втор (бр.)

Брегот на Бретања, старите замоци, најубавите специјализирани ресторани за палачинки, сонцето на Бретања, небото, звездите, прекрасната вила, моето второ семејство... Времето многу брзо помина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше мојот втор по ред неисполнет индекс.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа жена, во еден од најтешките периоди од мојот живот, кога бев отфрлена од сите, беше мојата втора мајка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ете, јас напред завршувам онаму, 1. рака - рака каде што завршува мојата рака, а назад, јас исто 2. рамено - рамено завршувам онаму, каде што завршува мојата втора 3. тил - петици рака.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пред да го испие млекото, Фонтејн вели: „Те молам испрати го по пошта писмово кое ⥊ го напишав на мајка ми”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дебора ја издаде и мојата втора книга, „Работата е пекол” кога „Пантеон” презеде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сомнеж (Suspicion), 1941г. •Хичкок: „Сигурно сте забележале дека Сомнеж е мојот втор англиски филм снимен во Холивуд: англиски актери, англиски амбиент, англиски роман.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Дали во „Живот во пеколот” некогаш си се почувствувал исфрустриран поради оваа ограниченост? 122 Margina #22 [1995] | okno.mk !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се среќаваме на половина пат помеѓу мојот втор нервен слом и твојот прв оргазам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А јас седам и веќе го шмркам моето второ кафе, додека пепелникот се преполнил со пикавци со иста боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ете, дојде времето. Го почнувам мојот втор степен на растење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во 1946 година, на смрт го осудија мојот втор стрико Ангел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко говорам, оче Доситеј. Пред неколку дни, погледни, во устава ми жугнаа нови заби и почна моето второ детство како некогаш, кога имав шеснаесет години, што почна староста на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да, но...“ „Кој друг говореше во таа пригода?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Тој ми даде поддршка во време на мојот втор преизбор за главен рабин и тоа кога советот на еврејската заедница ја повлекуваше својата...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разделивме и само толку знам за моето второ дете, а за сите три – ништо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)