морален (прид.) - одговорност (имн.)

Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За разлика од многу тековни научни парадигми, AI не го поддржува дехуманизирачкиот поглед кон луѓето како потполно пасивни маханизми, лишени од морална одговорност. AI не мисли за нас како за слуги на „себичните гени”, за жртви на нашите сопствени истории, или за некој вид на генерализирани преклопни табли.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние всушност ги потпишуваме! И ја воведуваме формата на колективно авторство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Моралната одговорност наследена од христијанската традиција засилена е со цел еден апарат на модерна информација и комуникација за да го принуди секого на преземање на сите услови на живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)