монотон (прид.) - звук (имн.)

Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во ушите му влегува монотониот звук од работата на млазните мотори на авионот, потоа не го слуша веќе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во темната, дождлива и студена босанска ноќ дури и монотониот звук на мешалката за бетон делуваше некако морничаво.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)