момински (прид.) - презиме (имн.)

Татко му до својот брат во Грција стигна заобиколно, преку Америка, ставајќи го името и моминското презиме на мајка му на пликото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас се крстев годинава. Не го задржав моето моминско презиме, како што сакаше дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Официјално се водеше како Асенка, со моминско презиме Сорокина, мажена за Ќамуш, бизнисмен од Измир, со пластичарска фирма во Велес.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)