мокар (прид.) - коса (имн.)

Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
(Борис спие. До него стои Мира, облечена во влажен мантил. Мокра коса, како да влегла од дожд. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со мокра коса во домашно издание, по хигиенки како Стево Жигон во една ТВ серија со Зоран Радмиловиќ, со дете заспано позади во кола, цврц...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)