модерен (прид.) - музика (имн.)

Кој ги занемарува овие претпоставки исто толку слабо ќе го разбере маниризмот меѓу 1530 и 1660-та како и модерната музика оној што не ги познава правилата за хармонија или “дисхармонија”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во историјата на модерната музика Кејџ делува како катализатор на спротивности кој оди напред во скокови овозможувајќи им на другите да одат чекор по чекор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Б: За мене „Предавање-то за времето“ е можеби дело со најизразена поента, мислам поради користењето на текстови... К: А последната статија во „Empty Words“ е „Иднината на музиката“ каде упатувам на останатиот свет, т.н. трет свет, како на место на кое му припаѓа модерната музика, пред сѐ на Африка, Индонезија и Индија, и дека таму лежи иднината на музиката. (...) ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Експерименталната музика не беше ниту школа - во онаа смисла во која тоа беше европската авангарда во Дармштад - таа претставуваше единствена духовна атмосфера, креативна ситуација погодна за заедничка работа John Cage на различни творечки индивидуалности во која никој не беше предводник или идеен водач, иако Кејџ (најстар помеѓу нив) од самиот почеток се истакнуваше со ширината на погледот и разнообразноста на аспектите присутни во неговата работа и мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го прашав дали ја сака модерната музика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Првите композиции на Џон Кејџ, Шест кратки инвенции, Соната за два гласа и Соната за кларинет (сите од 1933), напоредно со разработката на 25-тонскиот систем, демонстрираат критичко испитување на традицијата со користење на етаблираните музички форми: инвенциите, настанати во барокот, и сонатите, круна на архитектонскиот принцип на изградба на музичкиот облик од класицизмот до современите нео-класични тенденции, што претставува погоден медиј за негирање и иронија на неприкосновените ремек-дела од минатото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)