модерен (прид.) - држава (имн.)

Но не смееме да заборавиме дека модерната држава има монопол над движењето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истото може да се каже и за мобилноста. Мобилноста на луѓето, информациите, стоките и капиталот е секако една од дефинирачките карактеристики на доцната Модерна.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Да се води борба за национална еманципација и да се создаде демократска и модерна држава бара различни, а понекогаш спротивни квалитети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Модерните држави главно и понатаму се занимаваат со прашањето како да го колективизираат и социјализираат индивидуалното, додека авангардните движења се обидоа да го решат проблемот на индивидуализација на колективното. 154 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во Прескотовото читање на терминот, border е област која се допира со boundary, која е на нејзиниот раб, додека borderlands се однесува на „транзиционата зона во чии рамки лежи границата“.5 За Ладис Кристоф, ‘boundary’ се однесува на територијалниот лимит на модерната држава, додека ‘frontier’ ја означува (континуираната) експанзија на еден политички ентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)