многуброен (прид.) - соѕвездие (имн.)

Немаше месечина и затоа јасно можев да ги гледам и препознавам многубројните соѕвездија, сосе Млечниот Пат и уште милијарди, билион и недобројни ѕвезди што мижуркаа, блескаа, се палеа и гасеа над мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се чинеше дека сум во самото срце на вселената и дека бестелесно низ неа патувам, во бесконечниот простор и бесконечното време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)