младински (прид.) - организација (имн.)

Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некаде во седмо одделение требаше сите колективно да станеме членови на младинската организација.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Секс-разговори еднаш месечно за постарите од шеснаесет години. И во Младинската организација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата на Луција наскоро изгради најмоќна младинска организација; со ноќи поминуваа младинци од нивната партија под прозорците, во темните улички и со запалени свеќи го славеа, како што велеа, „пристигнувањето на слободата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секретарот на младинската организација Добри Сираков го одвеле само затоа зашто му се допаѓале руските имиња Гриша и Катјуша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)