млад (прид.) - снаа (имн.)

Во тој разговор тогаш мајка ми му рече на татка дека со години, како млада снаа, од големата маса за ручек и за вечера на која јадело семејството, таа станувала гладна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Свечениот ручек овој пат го подготви младата снаа во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да го утешат луѓето, ќе му речеа: „Имаш млада снаа; пушти ни ја да ни се разврти малку...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)