млад (прид.) - поет (имн.)

Беа тоа трите млади поети – Апчо, Клапчо и Шљапчо, со хибридни физиономии меѓу слатко заморче и алчен чакал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Денес нема што да се чита во „Ослобоѓење“ ниту на лицата на минувачите во градот, а и ѕвездите некако поинаку сјаат во стиховите на младите поети.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Второстепено влијание, барем за мене, имаше “The Wandering Scholars” од Hellen Waddell, препечатена во раните педесетти и значајна за младите поети од Средната генерација, кои во голем број ги напуштија манастирите и ги крстареа Европските патишта славејќи ги низ песна пошироките животни видици што ги откриваа надвор од своите академски ѕидини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На сметка на овие недостатоци, сепак балконот нудеше и повеќе од една бенефиција: Како прво: бев сосема уверена дека, ако се одлучам од горе да прочитам некоја песна, ниеден професор по филозофија нема да ме уверува дека сум Сергеј Есенин а тој Исидора, во обид да ме запроси за неполна минута, во малечко гратче, на единствен натпревар за млади поети, со државни спонзорства кои по рекламата необично исчезнуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)