млад (прид.) - мајстор (имн.)

Сѐ ова беше аматерски, без подготовка, наивно, против основните правила кои младиот мајстор ги научи во своите долготрајни предавања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Младиот Мајстор беше бесен поради претпазливоста на своите колеги, а уште повеќе пред промената што се одигруваше во него. – Не се истрчувај! – му говореше контролорот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа крпеше алишта замајќи ја дома излижаната сингер-машина на рачен погон, дуќанот го дадоа под кирија на еден млад мајстор на кого заедницата за алал му купи нова машина, а Јехуда да чиракува кај мајсторот-кираџија, скрпувајќи го животот малку од киријата, нешто помогнати од семејството, и нешто од заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)