млад (прид.) - жито (имн.)

Трчаше како да лебди, како да не гази на земјата, како крилја да има, како ветерот да го носи: ги прескокнуваше ендеците, меѓите, младото жито како да не го газеше, а само го допираше со стапалата, трчаше низ нивјето и ливадите одбирајќи го најкусиот пат, и кога стаса до неа, немаше здив и сила - и се испружи крај неа: легна на плеќи збивтајќи и дишејќи лакомо; и таа започна да дише забрзано исплашена од неговото ненадејно истрчување од пченките.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пепел и плева грабаше од водоскоците жито што во гумната на Имотот и чифлизите еден за друг прскаа право пругоре (раетините го вееја житото а спахиите, во сенките на дрвјата и во сенките на новите копи што со секој изминат час нараснуваа и нараснуваа, се сладеа со шербет, студена вода и татли кафе) и ги развеваше на сите страни, па воздухот во Потковицата беше исполнета со пепел и плева, со мирис на младо жито и тишина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)