млад (прид.) - душа (имн.)

Малата Ервехе занесено слушала. Многу вистини засекогаш ќе ѝ се врежат во младата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Анѓа веќе по стотипат ги слушаше овие соблазнителни и заплашувачки зборови, но тие се одбиваа како од тврда стена од нејзината млада душа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што нѐ лачкаат нас христијаните, што нѐ тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие извираа како порои и ја кинеа Анѓината млада душа, но таа цврсто си стискаше забите, си ја корнеше црната бујна коса и со поглед втренчен во таванот на одајата викаше: – He, не! – Само тоа не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Отецот кој ја прими ѝ рече дека на Балканот е тешко да се насочи младата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Co тие мисли и тоа цврсто решение стигнаа кај вујка си, којшто сега како маченик од победителниот фронт беше се окуражил и се спремаше да се враќа во Витолишча и да си ја види сметката со тие што го испратија три години во прогонство. My ја откри целата млада душа на вујка си и побара заштита кога ќе се вратат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)