млад (прид.) - волк (имн.)

До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го оболежи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе и се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија и кога ќе навлезат в трло ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нуркаат во маглите на планината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, еднаш, не знам кога, додека запенетата глутница ја следела волчицата низ карпи и замрзнати валуги, еден млад волк, бездруго најсилниот и најличниот, во оној миг кога волчицата го одбрала за младоженец, се исклештил, можеби и им се смеел на собраќата, и без збогум се одделил од глутницата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)