мировен (прид.) - совет (имн.)

IV Додека Комисијата шеташе и ги проучуваше граничните синори и се очекуваше што ќе се реши - Мировниот совет на селото составен од неколку старци, продолжи да ги смирува братучедите Танаил и Китан, кои се расправаа околу своите имоти, околу своите делби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мировниот совет настојуваше да најде разбирање кај еден или кај друг да не дојде до пролевање на крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО/03 – Пречистен текст); и, второ, беше избришана одредбата која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека поднесувањето на барањето го задржува извршувањето на одлуката – сè до донесувањето на конечна одлука кај работодавецот, освен во случаите утврдени со закон; б) втор инструмент се приговорите против одлуката за отказ, било да е со или без отказен рок; како и против одлуката за суспендирање т.е. оддалечување или времено отстранување од работното место (чл. 91 и 93, ЗРО/05); в) трет инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска (парнична) постапка, со која се иницираат т.н. работни спорови (чл. 181, ЗРО/05); 28 и г) четвртиот инструмент, по ново, е спогодбата т.е. „компромис“ за доверување на настанатиот спор на посебен мировен совет, доколку станува збор за индивидуален спор или, пак, на арбитража – ако станува збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05). 29 28.  Со својата шеста одлука по повод ЗРО/ 05 (У. бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007)
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)