мировен (прид.) - преговори (имн.)

Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мировните преговори биле водени во Букурешт во август 1913 На 10 август 1913 мирот бил склучен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Романија ја добила Добруџа, а Македонија била поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но за Дарвиш не можеше да нема одговор за било кое прашање кое се однесуваше на неговите односи со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)