минат (прид.) - труд (имн.)

Во некој вид волшебна наивност, критичкиот дух отсекогаш, вампирски го оживуваше својот „предмет“ кој сакаше да го докрајчи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Минатиот труд на негацијата реверзибилно се покажа како припитомена афирмација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 32.200 МКД (530 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот ПЗУ „Градска аптека“ беше задолжен, во рок од осум дена од правосилноста на Пресудата, на Папазова – како поранешен вработен, да ѝ исплати главен долг во износ од 56.040 МКД (околу 920 ЕУР), зголемен за законската казнена камата, и тоа по следниве пет основи: а) на име разлика за помалку исплатени плати – сума од 21.169 МКД; б) додаток на нето-плата за признат работен стаж [т.н.„минат труд“] – сума од 15.670 МКД; в) неисплатена хранарина – сума од 10.000 МКД; г) додаток за патни трошоци – 7.851 МКД; и д) работа на празник – сума од 1.350 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пресудено беше во корист на Божиновски – по што работодавачот беше должен, во рок од осум дена по приемот на пресудата, да му исплати вкупна сума од 140.822 МКД (2.310 ЕУР) на име „минат труд“, зголемена за затезната камата и плус да му ги надомести парничните трошоци во износ од 28.572 МКД (470 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, на Вујошевиќ ѝ се досуди сума во вкупен износ од 66.845 МКД (1.100 ЕУР) и тоа: а) на име неисплатени плати – 54.486 МКД; б) на име неисплатен регрес за годишен одмор – 5.400 МКД.; в) на име неисплатен надомест на хранарина – 4.379 МКД; и г) на име неисплатен надомест за превоз – 2.580 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците за постапката, во износ од 2.500 МКД за судска 156 такса, паднаа на терет на тужениот, а за возврат – како што веќе споменавме – Вујошевиќ се откажа од каматата, којашто законски ѝ следуваше, а го повлече и барањето за исплата по основ на минат труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само да напоменам дека постојат средства за олеснување на безвременската комуникација (универзалната меморија), а тоа се сите минати трудови кои ни се оставени во наследство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)