мил (прид.) - мајка (имн.)

- Така е, мила мајко, токму така, жими тебе...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мила мајко, ... Уште еден Велигден пречекавме во ровот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И кога така стишено паднала квечерината врз пресното гропче, души ужалени не додржале, двете пак писнале да тажат - - Леле, росно чедо наше - што се стори ова чудо - ова чудо нечуено? - та зацрни мила мајка и баба ти Петреица - како да те оставиме под сртови пелистерски?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Сѐ е така, мила мајко. Олеле!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И Доста за цело време ги слушаше благословите и одговараше: „амин, амин, мили мајчички, мили сестрички, чул ве господ".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тукма Пелагија подзапре, ги погледна редум Роса, Деспина, својата слика во Пеличка, па мајката Перса и од неа се одзатна еден страдалнички глас Мила тетко Персо, мила мајко Персо, оваа жена е за пример како треба да се чекори во животот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Драга и мила мајко, ... Врпците со кои бев изврзан за креветот, ги скинав...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајката ги моли: — Мили сестрички, мили мајчички, мили бабички!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)