меѓународен (прид.) - јазик (имн.)

Но Татко набргу ќе разјасни: Фаик Коница во 1903 година ќе се вклучи во полемиката на парискиот космополитски неделник l` Еurореn за создавањето на меѓународен јазик (есперанто, волапик, син јазик...) за целото човештво од јазиците кои постојат под псевдонимот Транк Спироберг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби и затоа тој толку жестоко ќе им се спротивстави на европските лингвисти кои ја поддржуваа тезата за создавање меѓународни јазици, кои би ги замениле со јазиците на малите народи по број во Европа, посебно балканските кои се здобиле со слобода по долгата зависност?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 27 август 1903 година во неделникот Аполинер ќе го објави прилогот Борбата против француските зборови во Германија, во времето на разгорот на полемиката за прифаќање меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас тоа не го реков, мој Камилски, туку ти тоа убаво го насети: постои поврзаност помеѓу балканските јазици, наспроти тенденцијата за создавање вештачки меѓународен јазик за сите и јаничаризмот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеше да ја разбере врската помеѓу јаничарството во книгата на Леон Каин, личноста на Транк Спироберг и псевдонимот што Фаик Коница ќе го употреби во една меѓународна европска полемика за избор на универзален јазик за сите, наспроти моќта на секој природен јазик со милениумска или вековна традиција да служи како најдобар меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент со нетрпение очекуваше Татко да ја дораскаже необичната европска одисеја на Фаик Коница, финалниот чин од неговата полемика со приврзаниците на меѓународниот јазик, посебно есперанто, на страниците на парискиот неделник l` Еurореn.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А јас, кутриот, со јазикот од мајка ми го наследив и страдањето од длабините на корените, како што страда секој што носи во себе дел од вавилонското проклетство, ќе се обидам да се правдам и бранам пред ,небескиот трибунал (тешко одбранливо и пред себеси) дека јас и губев кога пишував на јазиците на судбината, на јазиците на другите, како што се губи и Мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обвинуваа дури дека во една книга сум се застапувал за меѓународниот јазик Есперанто (на земјата беше обратно) со што наводно сум сакал да го спречам процесот на еволуирање на природните јазици на Балканот, за што дури сум објавил и книга на француски јазик за конечната превласт на природните над вештачките јазици, што дури можело да придонесе да добијам ослободителна пресуда...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)