меѓународен (прид.) - потерница (имн.)

Ако е веројатно дека лицето по кое е издадена потерница се наоѓа во странство, МВР може да распише и меѓународна потерница, по претходно добиена изјава од органот што ја издал наредбата за распишување на потерница дека во случај на пронаоѓање на тоа лице ќе се побара екстрадиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штрајкот беше поведен од штрајкувачки одбор во кој беа избрани десетина нај- чесни и некорумпирани работници, докажани храбри борци, меѓу кои и Б.А.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Издавање потерница може да се нареди кога постои наредба за приведување на лице кое се наоѓа во бегство, и тоа: 1) на осомничениот кој се бара поради основано сомневање дека сторил кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 2) на обвинетиот против кого е поведена кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 3) на осуденото лице кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Издавање потерница наредува органот што ја води постапката... Наредбата на органот што ја 254 води постапката или раководното лице на установата за издавање на потерница се доставува до МВР заради извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)