меѓународен (прид.) - легитимитет (имн.)

Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беа тоа тешки времиња за малата Рерублика Македонија, која се бореше да ги зачува внатрешната стабилност и надворешниот, меѓународен легитимитет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иако носител на специјална порака на претседателот на новата Република Македонија, пред признавањето на нејзиниот меѓународен легитимитет, во потрага по поддршка на старите пријатели, бев приман на мала врата во министерствата за надворешни работи на Мароко, на Алжир и на Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)