меѓуетнички (прид.) - однос (имн.)

А јас, во тие времиња, и покрај привидниот спокој на социјализмот, при што си продолжуваше инерцијата на деспотскиот сталинизам, и на комплицираните меѓуетнички односи, со многу племенски рецидиви, тешко зауздани со силните пароли за братството и единството во земјата, настојував да бидам критичен и урамнотжен, колку што ми го дозволуваше тоа мојата внатрешна автоцензура.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше свесен дека тешко може да се замисли иднината на државата без интегралната историја на сопствениот народ, без толкувањето на сложените меѓуетнички односи во минатото, без откривањето на тајните на нивното одржување под отоманската власт што, секако, претставуваше и едно од клучните прашања за иднината на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се фатија рака под рака со овие другиве да градат релаксирани меѓуетнички односи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште им кажуваше дека меѓуетничките односи се столбот, темелот на кој се потпира стабилноста и иднината на оваа држава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)