мек (прид.) - облак (имн.)

Те слушнав, безгласно му одговори утот. Како ќе зборуваме – немтуречки?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детсвтво: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ѕид, - ве гледа сожалувачки, како да ти вели, несреќник, каков ѕид, јас сум горе, во небото, меѓу белите, меки облаци, што ме интересира твојот ѕид!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детство: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби ја посоветува да си го прибере болното место со мек облак. Ајде, умна птицо, малку да си позборуваме, му реков на утот во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пред да трепнам, вервериците, со нив и срнакот, станаа мек облак. Потоа и облакот се распливна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)