мек (прид.) - диван (имн.)

Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стражарот го пропушти да влезе и му го предаде на друг, овој на трет, дури најпосле не се најде во една од големите чекалници на Великиот везир и седна на еден од меките дивани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)