мајчин (прид.) - јазичен (прид.)

Татко ја наследи мајчината јазична судбина, на ниту еден јазик да не биде целосна, ниту на мајчиниот турски јазик, ниту на албанскиот јазик во албанското семејство во кое дојде како невеста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога чувствувам дека ја губам невидливата оска на постоењето, точката на гравитацијата на мојот живот, рбетот на сите зборови во животот, мајчиниот јазичен код ме потсетува дека рамнотежата се одржува и со јазикот на другиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И, еве ме со последните аргументи да докажам дека кога ќе се вкрстат два или повеќе јазици во една душа, две судбини во една, тогаш сигурно се открива душата на заедничкиот јазик на животот, без оглед каква ќе биде конечната пресуда на ,небескиот трибунал на моите предци...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)