мајчин (прид.) - македонски (прид.)

Неговиот мајчин македонски јазик, којшто беше службено кодифициран пред само неколку години, со утврдена азбука, граматика и правопис, но со богата орална и книжевна традиција, најден во океанот на словенските јазици, група во која припаѓа, сега требаше да се ослободува од натрапничките турцизми кои со векови се одржувале во јазикот, во еден вид јазично заедништво и со другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, за разлика од Татко, одлично се служеше со мајчиниот македонски јазик, како и другите словенски, се разбира рускиот јазик во прв ред, ги владееше францускиот и шпанскиот, но се служеше и со турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште од петтата година Доста започна да ја учи Нешка да брои барем до сто и тоа не само на мајчиниот македонски јазик, ами дури и на турски и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Камилски беше фасциниран од личноста на Фаик Коница, му кажуваше на Татко дека и тој би бил на негова страна, бранејќи го својот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин Татко и Камилски се нурнаа во длабока потрага по турцизмите и османизмите во јазиците кои им беа блиски: Камилски во мајчиниот македонски јазик, во блиските словенски јазици, како српскохрватскиот, но и западните јазици кои ги познаваше: во прв ред италијанскиот и францускиот, но имаше познавања и од ароманскиот, додека Татко во албанскиот турскиот мајчин јазик, источните јазици, францускиот, италијанскиот, делумно германскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)