мајчин (прид.) - албански (прид.)

Се разбира потврди Татко, но најмногу на ум го имал својот мајчин албански јазик чиј реформатор бил, ја употребил првата латинска азбука, која ќе биде конечно прифатена како конечна албанска азбука на Конгресот во Битола во 1908 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголеми тешкотии имаше со македонскиот и другите словенски јазици со кои се соочуваше во земјата на својот егзил и кои тешко се учеа во поодминатите години на животот, па му помагавме ние децата, кои во детството го совладавме овој јазик, на кој јас денес и пишувам, покрај на мајчиниот албански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Климент Камилски стравуваше од опасните османскотурски зборови или турцизми во македонскиот јазик, а Татко остануваше потолерантен кон нивното присуство во мајчиниот албански јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)