мајчин (прид.) - рожба (имн.)

Козлето го пречекавме како мајчините рожби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете, и сега, при последната мајчина рожба, крај мајка ми, во борбата помеѓу животот и смртта, беше нашата баба Русинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
X Смртта влегуваше и излегуваше во нашето семејство кога сакаше во времињата на војни, селидби, суши, глад, брзо умираа повеќето од кревките мајчини рожби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше тоа големо олеснување, услов последната мајчина рожба да остане во живот. Братчето го завикавме Агим (Мугран).
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)