мајкин (прид.) - душа (имн.)

Татковите книги, нејзиниот каталог на Ла Ринашенте, врската со клучеви, сребреното огледало, заборавените знамиња, како да го беа примиле отпечатокот на Мајкината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги замислував новите пукнатини во мајкината душа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајкината душа означена од генот на останувањето на Балканот и враќањето, ако тоа постоеше, во една од напуштените куќи крај морето или езерото, без да биде посебно свесна за тоа, внатрешно се спротивставуваше на Татковиот одисејски дух.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беше лесно да се проникне во суштината на Мајкината душа, обвиткана со густите слоеви на тишината во која, најчесто, се криеше нејзината самотија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)