мачен (прид.) - тишина (имн.)

(Куќата на Султана. Евто и Рајна се подготвуваат за легнување. Михајло седи над дебела книга. Чита на свеќа. Мачна тишина. Штотуку завршила караница.) ЕВТО: Гаси ја свеќата. Немаме пари за фрлање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Настана долга, мачна тишина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле ја пресече тешката и мачна тишина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се смешка: „Лицето на секој од нив е лицето на мачната тишина“...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)