матен (прид.) - светлина (имн.)

Откај таванот се цеди матна светлина и се полепува по рабовите на нечија силуета.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Матната светлина на малата електрична сијалица придонесуваше за мрачниот изглед на собата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Месечината фрлаше матна светлина, како сињак, како слепо мачкино око; голите ветки на јаболкницата во дворот крцкаа на ветерчето како скелет од некое прапотопско чудовиште.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По некој прозорец беше осветлен со матна светлина од ламба; во светлите квадрати ќе се појавеше сенка, ќе се протенеше и ќе се изгубеше оставајќи жолтеникава празнотија зад себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)