малечок (прид.) - кутре (имн.)

Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Не беше сѐ уште затворен диспанзерот кога пристигнав... ѝ кажав на Госпоѓа Хортенс: „Ќе го раниме малечкото кутре. Треба некој да купи месо...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)