мал (прид.) - стаклен (прид.)

Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повторно заспав, со малиот стаклен сад со магичен прав во џебот од пиџамите, над срцето што силно удираше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Игор Лозински во својата лабораторија - работилница, имаше и мала стаклена оранжерија, во која одгледуваше цвеќе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, откако го допи чајот од малата стаклена чашка, разбирајќи ја суштината на Мајкините зборови, рече: - На највисокиот рафт ќе бидат наредени светите книги, среде ќе се наредат енциклопедиите, а по нив сите мои цариградски книги...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)