Во малиот ноќен ритуал вади чашка за шнапс од една од салонските комоди, потоа и шише коњак, и чита толку колку што ѝ е потребно да испие три мали чашки од коњакот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го палам транзисторот: „Мала ноќна музика“. Но веќе е утро.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)