мал (прид.) - чекор (имн.)

Му требаше уште еден мал чекор па да ја искачи задната скала.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мал чекор отчекорува Фимка... А чекорот тежок небаре олово некој на нозе ѝ врзал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасна беше алузијата на Кисинџеровата стратегија на малите чекори чиј заложник стана своевремено Арафат во Женева.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Израелците, на чело со Менахем Бегин, Ицак Шамир и Шимон Перез ги одолговлекуваа малите чекори во преговорите со Американците. До летото 1990 година преовладуваше status quo.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе биде драмата на барањето на патот на слободата во лавиринтот на стратегијата на малите чекори, на политиката, замислена од Хенри Кисинџер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)